Турција трета по растот на БДП меѓу земјите на Г-20

Според објавените податоци за економски раст од страна на ОЕЦД Турција во втората четвртина од годинава со раст на својот бруто домашен производ (БДП) од 1,3-отсто стана трета земја меѓу земјите на Г-20

Турската економија со растот на својот бруто домашен производ (БДП)  во втората четвртина од годинава стана трета меѓу земјите од групата Г-20, индустриски најразвиени земји и држави со забрзан економски развој.

Според извештајот на ОЕЦД втората најголема економија на светот Кина во втората четвртина на 2015 година забележа најголем раст меѓу земјите од Г-20. Земјата во втората четвртина од годинава оствари раст од 1,7-отсто.

По Кина со раст од 1,6-отсто следи нејзиниот сосед Индија.

Турција пак стана трета земја со најголем економски раст меѓу земјите на Г-20. Бруто домашниот производ на Турција во втората четвртина од годинава во споредба со првата четвртина се зголеми за 1,3-отсто.

Според податоците на ОЕЦД турската економија во првата четвртина од годинава во споредба со последната четвртина на минатата година оствари економски раст од 1,5-отсто и по Индија беше втора земја со најголем раст меѓу земјите од Г-20.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here