
Бидејќи преговарала за регионален сојуз против “Исламската држава“ заедно Саудиска Арабија, Сирија и Турција, Русија одеднаш одлучи да ја напушти својата стратегија пред се заради турското премислување.
Анкара сепак одлучи да се разотиде со Москва, откажувајќи го без и било каков мотив договорот за гасоводот Турски тек и “формирајќи“ со Украина меѓународна Исламска бригада со намера да се дестабилизра Крим. Таа според руски аналитичари ќе му помогне на “Исламската држава“ во борба против Курдите.
На ист начин, и Белата куќа ја промени својата стратегија, откако генералот Џон Ален одлучил да му помогне на претседателот Реџеп Таип Ердоган да формира“безбедна зона“ за “Исламската држава“ во северна Сирија.
На крај, Москва и Вашингтон се испокараа:
- Повлекување на проектилите Патриот од Турција
- Формирање на Руско-Сириска воена комисија.
Крај на зоната без летови.
Во јануари 2013 година НАТО во Турција постави проектили од типот Патриот, како би го сузбил сириското воздухопловвство. Како резултат на тоа припадниците на Ал Нусра успеа да го преземат северот на ова земја, а ова зона безл летови во летото 2014 година беше окупирана од страна на Исламската држава.
Така за време на битката за Кобане, сириското воздухопловство не можело да ја бомбардира Исламската држава, туку Сирија сметала на копнен напад како би го спасила градот.
Проектилите Патриот, кои биле поставени од страна на Германија и Холандија, сега се во сопственост на германија и шпанија. Тие прво ќе бидат ревидирани и модернизирани, а потоа повторно ќе бидат поставени во Литванија, на границата со Русија.
Вклучување на руската војска во војната во Сирија.
За неколку недели, во Дамаск веднаш пристигнаа мн овгу воени советници.
Притоа во Сирија испорачани се шест Mikoyan-Gourevitch MiG-31 авиони, кои засега според одредени воени аналитичари претставуваат најдобри авиони пресретнувачи на светот. Тие биле купени во 2007 година, меѓутоа договворот бил замрзнат. На нивната испорака не влијае ембаргото на оружје, бидејќи тие не можат да се користат за одржување на јавен ред, туку само за национална одбрана.
Руската војска исто така започнала Сирија да ја снабдува со сателитски фотографии, а ваквата одлука би можело да ја преокрене воената ситуација. Навистина, “џихадистите“ во повеќе наврати успеале да побегнат благодарени на сателитските фотографии кои НАТО им ги испраќал на “Исламската војска“.
Конечно, руски воени советници поседуваат бројн и и нформации кои можат да се искористат за проучување на можноста од меѓународно дејствување под знамето на ОН или ЦСТО ( Организација а колективна безбедност и соработка).
Состанокот наЦСТО ќе се одржи во Душамбе во Таџикистан на 15. септември, Она што е важно за ова организација е дека нејзиниот воен сојуз се вклучени три држави со муслиманско население – Казахстан, Киргистан и Таџикистан, кои се многу повеќе подготвени да војуваат против Исламската држава отколку против Русија.
Меѓута, ЦСТО дури на28.септември 2012 година доби одобрување за покренување на мировни преговори.
Ограничена соработка помеѓу Кремљ и Белата куќа.
Соработката помеѓу Кремљ и Белата Куќа има извесни граници – Русија сака да ги збрише “џихадистите“ пред тие да се свртат против неа, додека пак САД се надеваат дека некои од нив ќе завршат во други конфликти, како што биле случаите со Авганистан, БиХ, Чеченија и Косово.
Извесни ограноци на Исламската групација веќе пристигнале во Керсон во Украина каде веќе постои “ Кримска власт во прогон“
Јасно е дека повлекувањето на проектилите Патриот претставува американска стапица. Вашингтон сака Русија да го намали бројот на џихадисти, ама не му смета ниту тоа да Русија се вклучи во конфликтот во Сирија. Токму заради тоа руската мечка напредува внимателно и сигурно.









