Вкупно 25 војници и неколку оклопни возила упатено е на бугарско-македонските гранични премини, меѓутоа нивниот број може да се зголеми ако од тоа има потреба, додал тој.
Бугарија засега е поштедена од бранот на мигранти кои од Грција преминуваат во Македонија.
“Веруваме дека ризикот од таквиот прилив е многу мал, бидејќи Бугарија ја почитува процедурата за регистрирање на бегалците, што не е случајво Грција, Македонија и Србија, изјавила бугарската министерка за внатрешни работи Румјана Бачварова за телевизијата Нова.
Бугарија од почетокот на годината примила 15.000 илегални мигранти, вклучувајќи и Сиријци кои во земјата пристигнале преку Турција.
Мигрантите во Бугарија претстојуваат во бегалски кампови неколку месеци пред да добијат статус на бегалци со кој им се овозможува, во најдобар случај да патуваат во земјите на Европската Унија.
Бугарија на границата со Турција поставила ограда долга 30 километри, и истата има намера да ја продолжи како би го спречила илегалното влегување во земјата.










