post image
Порторико за првпат во историјата прогласи банкрот. И додека гувернерот Алехандро Гарсија Падиља соопшти дека неговата работна група прави се за да направи план за опоравување на проториканската економија, инвеститорите имаат некои други идеи.
Имено, групата на претставници на 34 хеџ -фондот, кои воедно се и порторикански кредитори, предложиле Порторико да започне со затварање на школите! И додека на многумина ова им делува како бизарен предлог, повеќето економисти се сложуваат дека образоввниот систем зема голем дел на пари. Според овој предлог, Порторико би требало да затвори некои школи, да го намали финансирањето на студенти, и отпушти вишокот на наставен кадар.
И додека ова вест предизвика загрижување во светот, предлогот на кредиторите не е ниту одблиску бизарен како што изгледа. Имено властите на Порторико досега позајмувале пари кои не можеле да ги вратат.
Голем дел од тие пари оделе во образовниот систем. Меѓутоа во последните години бројот на учениците како популација опаднал дури за 25%, што значи дури 200.00 ученици помалку за помалку од десет години. И покрај сето тоа властите во Порторико сепак одлучиле да ги големат издвојувањата за образовниот систем за дури 39% или 1,4 милијарди долари, што претставува крајно нелогично.
Математиката очигледно не функционира во ова земја. Додека во период помеѓу 2004  до 2013 година бројот на жители опаднал за 212.000, владата истовремено ја зголемила својата потрошувачка за дури 29%.

Банкротот на Проторико претставува резултат на долг од 72 милијарди долари и неплаќање на доспеаните рати во износ од 58 милиони долари. Овој остров со години не забележал економски раст, што дополнително ги отежнува прогнозоте за опоравување.

Инаку, Порторико е територија која му припаѓа на САД, меѓутоа не е во нивниот полноправен систем.

Неколки денови после банкротот реакциите на граѓаните се поделени. Некои, слични како Самјуел Моралес, прстот го вперуваат во владата на порторико:

“Работите се лоши од една иста причина: луѓето гласаат за исти политичари кои не им помагаат на земјата. Не упропастуваат уште од 1952 година, и заради тоа денес сме во ваква состојба, со износот на надворешен долг“ рекол Моралес.

Други пак , како Џонатан Ривере, се оптимисти дека островоте ќе се опорави. “Според официјалните информации, владат е во банкрот. Во иста ситуација сме како и другите држави. Иднината?! Па, ако се следи трендот на другите држави, работите прво ќе тргнат по надолнина, низ брдо, ама ако истите се доведат во ред, кисла дека сеуште има надеж за нас“:, рекол Ривера.

Вкупниот долг на ратите кој доспеал за плаќање изнесува 58 милион долари, а Порторико успеал да плати само 628.000 долари. Администрацијата на Обама изјавила дека не планира нов пакет на помош за Порторико, пренесува СНН.

Dubai-portal.com.mk

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here