Руската амбасада во врска косовските пасоши се огласила откако синоќа на Твитер профилот на заменикот министер за надворешни работи на Косово Петрит Сељими напишал дека “после 15 години Русија ги призна пасошите на Косово како валиден документ“, притоа на крај поентирал со зборовите:”Spasibo Rosija”
Амбасадата овој чекор на Москва го објаснила со наводот дека влезен печат нема да биде *удиран“ во пасошот, туку ќе се доделува специјален формулар – дополнување покрај пасошот.
Русија, како што се наведува, тоа го направила како и останатите други земји кои не ја признале еднострани прогласената независност на Косово.
-Влегувањето со пасоши на Косово на територијата на Руската Федерација можен е само во случаеви кои се темелат на исполнување на меѓународните обврски на Руската Федерација во својство на страна- прифаќач на настан кои се организираат преку мултилатерални структури, чиј член учесник е Република Косово, наведуваат од Амбасадата.
Од друга страна, Ивица Дачиќ, шеф на српската дипломатија за “Блиц“ изјавил дека на овој потег Русија била обврзана.
– Ова не е вовед во признавање на Косовските документи. Тоа, за жал е последица на приемот на Косово во МОК и сите тоа мора да го почитуваат. Рускиот став за статусот на Косово останува непроменет – изјавил Дачиќ.











