Тоа е сеќавање на таа храброст и витештво во пожртвованоста за одбрана на немоќните претставува пример кој ме следи и инспирира [Reuters] Пишува: Јасмин Реџепи
Една вечер, враќајќи се од југот на земјата, после поделувањето на триста хуманитарни пакети на мигрантите кои пешачеа или возеа велосипеди од Гевгелија кон Куманово, се враќавме кон Скопје.
Не фати голем дожд кај Велес, па возевме полека, кога одеднаш после патарината, во црната темница забележавме еден велосипедист. Мигрант! Беше сам и целосно накиснат од дождот. Застанавме и му пријдовме. Му понудивме вода и храна, а тој зеде само вода.
Овлека немавме, бидејќи истата ја потрошивме во Демир Капија. Го прашавме од каде е, а тој рече дека е Палестинец, од Газа! Да, се сетив, на она Газа во која не успеав да влезам.
Му се представив и му ја споменав Флотилата на Слободата, дека бев на славниот брод Мави Мармара кој беше нападнат на среде Медитеранот, и каде погунаа девет мина сопатници активисти.
Девет бродови и илјада тони помош
Човекот се израдува. “ Зарем ти кој не пристигна кај нас во Газа сега не дочекуваш на патот во својата земја и понатаму ни помагаш?“
Токму така незнаен пријателе. Кога веќе не можам кај вас, тогаш Господ ве испрати кај мене. Да ви помогнам во мојата земја на вашиот пат кон подобра иднина. Добро е што си успеал да излезеш од тој голем концетрационен логор и упатиш кон Европа.
Вели дека небило лесно, дека побегнал кон Египет, а од тука преку Либија со брод за Грција.

Доаѓањето на Мави Мармара во Истамбул [Фото: Reuters]
Тој е еден од многуте поединци кои тргнале од Газа. Позади него сретнавме уште многумина. Вложиле многу труд да излезат, а ние уште повеќе да влеземе.
Девет бродови и илјада тони помош и повеќе од шест стотини луѓе. Тоа беше едно преубаво искуство, да се запознаваат долку различити луѓе, различни нации, вери и идеологии, се со една цел – пробивање на блокадата на Газа и носење на порака на мир и слобода за тоа заградено парче земја.
Имаше толку многу медиуми и дававме многу интервјуа, ама, ете, после нападот, се ни беше запленето и уништено, па дури и фотографиите и видео материјалите.
Ама и покрај тоа, настаните на бродот и после сето тоа, и ден денес, пет години после настаните, тие не избледија. И понатаму се сеќавам на сите активисти, новинари и плитичари, па кога ќе се сретнеме во Истамбул за време на судските рочишта, радо се сечавам на сите настани.
Од испраќањето во Истамбул, од гостопримството на граѓаните на Анталија, старицата која направи сарма и малечкото девојче Иџлал кое ја даде својата лента симнувајќи ја од својата глава како дар и аманет да го понесеме на некое девојче во Газа.
Сееќавам и на вкусот на медитеранските чевапи од бродската скара, и мелодиите со арапски и турски песми, посебно на онаа: “Šehidler ulmez, ulmez!”- шехидите не умираат!
Ја пееа токму момчињата кои не умреа и нема да умрат! Се сеќавам на звукот на нападот, бомби и врисоци. Врисоци на ранети луѓе и мирис на крв. Крвта на нашите активисти24 часа беше на нашата облека додека на палубата седевме со врзани раце, се дедека не одведоа во затвор.

Снимка од нападот на израелските сили на Мави Мармара [Фото: AP]
А, се сеќавам и на храброста на момчињата кои станаа со врзани раце за да одбранат едногодишно детенце кое израелски војник го удри со нога. Се сеќавам и на храброста и солидарноста која ја покажаа во затвор, кога не сакаа да излезат еден по еден како би се спасиле себе си, се додека не излеговме заедно.
И понатаму на истиот пат
Тоа сеќавање на таа храброст и витештво и пожартвуваност за одбрана на немоќните претставува пример киој ме следи и инспирира да и ја истраам во помош на беспомошните мигранти кои масовно минуваат низ мојава земја. Благодарен сум на сите мои пријатели и активисти кои го следат истиот пример и шират чеовечност меѓу луѓето.
Се надевам дека и овие патници, идни европски граѓани, ќе го сватат она што го правиме за нив, па секој од нив од својата позиција во иднина ќе им помага на другите луѓе на други места во светот.
Ние и понатаму сме на истиотт пат, иако успеавме да го измениме законот и олесниме транзитот низ Македонија, пак сме со нив на влезот и излезот од земјава, посебно израдувани кога ќе видеме по некој Палестинец кој успеал да се спаси од најголемиот логор на светот.
Извор: Al Jazeera/ Обработка и превод : Дубаи Портал