gasovod

Евентуалниот банкрот на Грција нема да се одрази на реализацијата на “Турскиот ток“ изјави денес член на експертскиот совет на Сојузот на нафтените и гасни бизнисмени на Русија Елдар Касајев.

Дури и Грција на банкротира, тоа нема да претставува опасност за перспективата на “Тирскиот ток“. Москва знаејќи да тешката ситуација на Атина подготвена е да издвои и дополнителни финансиски средства за Грците – изјавил Касајев за руската “Газета“.

Тој потсетил дека изградбата на продолжувањето на “Турскиот тока“ ќе започне следната година на сметка на кредитот кој Русија ќе и го даде на Грција за изградва на овој дел од проектот.

После завршување на изградбата, Грција ќе добие стабилна испорака на гас по поволни цени, додатоци за транзит и ќе стане втор по големина јазол во регионот, пренесува агенцијата “Спутник“

Претседателот на Русија Владимир Путин изразил мислење дека реализацијата на “Турскиот ток“  и минувањето на гасовосот низ територијата на Грција , ќе ми помогне на Грција да го врати долгувањето.

Извор: (Vestionline,Srna)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here