Турска и израелска дипломатска делегација одржале тајна средба во италијанската престолнина Рим каде разговарале за нормализација на односите помеѓу Анкара и Тел Авив.
Израелскиот дневен весник Haaretz, наведува дека високи турски и израелски претставници одржале тајна средба во Рим.
Во извештајот се наведува дека станува збор за Duri Džuldu, генерален секретар на Министерството за надворешни работи на ционистичкиот режим и Ferejdunu Sinrelioglu, негов турски колега.
Истиот лист донесува дека израелски претставник во понеделникот го напуштил Тел Авив како би отпатувал за Рим каде се сретнал со турскиот колега кој е одговорен за израелското досие во Министерството за надворешни работи на Турција.
Турција и Израел во 2010 година ги прекинаа дипломатските односи после инцидентот на бродот со турска хуманитарна помош во меѓународните води на Медитеранот.
Минатата година забележани биле некои обиди за обновување на билатералните односи помеѓу Анкара и Тел Авив.
Izvor:www.ynetnews.com









