Адмир Фазлагиќ, новинар од Скопје, за Klix.ba изјави дека во овој момент во Македонија многу е јасно дека никој не сака продлабочување на судирите, од тука граѓаните на Македонија, без оглед на етничката припадност ги соединува тешката социјална и економска криза, како и желбата за мир.
Фазлагиќ за Klix.ba вели дека сеуште е рано да се зборува за тоа што точно се лучи денес во Куманово, ама сигурно е дека ниту Албанците, ниту Македонците во овој момент не сакаат конфликт.
“Постојат различни гласини за тоа што се случило. Едни зборуваат дека тоа е терористички напад, други пак зборуваат за групи од Косово кои ги искористила Македонската власт. Тешко е да се каже што точно се случило, бидејќи сеуште не е издадено било какво официјално соопштение“, вели Фазлагиќ.
На граѓаните им е доста од поделби
Општеството во Македонија, според Фазлагиќ, изразито е поделено на основа етничката припадност, ама постојат и работи кои ги соединуваат сите граѓани на Македонија.
“Кога ќе го погледнете главниот град кој го дели Камениот мост ќе видете дека во едниот дел живеат само Албанци, а во другиот само Македонци. Сепак, кога ќе се симнете помеѓу обичните граѓани ќе видете дена ним преку глава им е од етнички поделби бидејќи тие не водат никаде. Младите генерации заминуваат надвор во светот, таму работат работи кои никогаш не би ги работеле во Македонија и уште велат дека се чувствуваат добро бидејќи не ги трпат поделбите кои ги водат во минатото а им ја одзема иднината“ вели Фазлагиќ.
Тој забележува дека во Македонија се појавува една нова идеја, нова генерација, посебно меѓу младите, кои на секој начин го искажуваат едиснтвото бидејќи гледаат дека судбина е да живеат заедно.
“Официјалната политика сака да ги продлабочи поделбите кои постојат. Меѓутоа се повеќе ги гледаме елементите на единството, на протестите гледаме македонско и албанско знаме како се виорат заедно, а само пред две години Албанците го палеа македоснкото, а Македонците албанското знаме. Во недостаток на конкретни мерки кои би го подобриле животот на граѓаните политичарите играат на картата на национализмот“, вели Фазлагиќ.
Сиромаштијата не соединува
На основа разговорите со обичните граѓани како и реакциите на социјалните мрежи Фазлагиќ заклучува дека никој не сака да создаде конфликт и да дигне рака на оној другиот.
“Кога ќе го видете процентот на сиромаштијата во Македонија каде секој трет граѓанин живее под границата на сиромаштијата, повеќето луѓе научија дека со конфликт ништо неможе да се постигне. Од друга страна, кај луѓето постои одреден револт кој политичарите би можеле да го злоупотребат. Тие би можеле да направат таква слика и наведат поедини граѓани да тргнат во борба не за своите туку за некои туѓи интереси“, додава Фазлагиќ.
Фазлагиќ смета дека во случајот на Македонија се работи за класична двонационална држава, додека од друга странанационалните малцинства се маргинализирани во сенка.
“Бошњаците, Турците, Србите, Римите, Власите и другите сакаат да живеат во мирна земја, при што сите Македонија ја доживуваат како своја татковина. Ниту меѓу нив не преовладува желбата за конфликт, луѓето не сакаат на секои десет години да им се повторува истото, при што секој пат се полошо живеат“, заклучува Фазлагиќ во разговорот за порталот Klix.ba.
Извор: Klix.ba
Превод: Дубаи Портал
