Audi A7 Sportback quattro низ пустините во Дубаи (видео)

by Administrator

Најновото видео Audi го посвети на својот познат quattro погон, кој годинава слави 35 години од неговото постоење.

Познатиот quattro погон на Audi е претставен во далечната 1980. година, а во меѓувреме стана некој вид на заштитен знак на произведувачот и вистински бренд помеѓу останатите произведувачи на погон на сите тркала.

Во 2013. година Audi одбележи значаен јубилеј – 5 милиони произведени возила со овој погон.

Покрај сериите на SUV и кросовер возила кои го користат, германскиот произведувач сака да потсети дека quattro погонот дури и лимузините ги претвора во возила дораснати на секакви терени.

Така и Audi A7 Sportback quattro се најде на пустинскиот песок во околината на Дубаи, прекрасен предел каде обично крстарат само најдобрите џипови на светот.

Izvor:zazabava

You may also like

Leave a Comment