нападврз русија

Последните неколку денови речиси сите држави на границата со Русија би блузи неа одржувале воени вежби со американски војници, а оправдување за ваквиот чекор е да се обезбеди сигурност и мир во регионот заради судирите во Украина.

Иако вече речиси цела година се зборува дека постои можност да избие Трета светска војна, денес сите индикации укажуваат дека тоа е сосема се поизвесно.

Иако ниту една од страните , САД со сојузниците и НАТО од една страна и Русија од друга, итри молчат, нивните потези зборуваат повеќе од зборови, пишува Телеграф.
Ако во предвид ги земеме сите вести кои се провлекуваат низ медиумите, може да се заклучи дека се подготвува нешто големо. Тие се презентираат како секојдневни нормални работи.

Договорот во Минск е потпишан на почетокот на фебруари после маратонските преговори помеѓу Владимир Путин, Петро Порошенко, Ангела Меркел и Франсоа Оланд како би се смирила состојбата на истокот на Украина. Тој договор предвидувал прекинување на огнот од 15 фебруари, потоа повлекување на странските вооружени групи, воена опрема и машинерија од Украина, разоружување на сите нелегални групи, уставни реформи во Украина и доделување на посебен статус на Доњецката и Луганската област.

Иако после потпишпаниот договор сеуште воделе борби помешу украинските и проруските сили, како одминувало времето, ситуацијата станувала се помирна. Или барем така изгледало. Од време на време се провлекувала по некоја ин формација за борби на фронтовите во Украина и за некоја експлодирана бомба, за губитоткоѕ на невини животи…

Во последните две недели започнаа да пристигнуваат ин формации за натрупување на американски трупи на просторот на Источна Европа и поставување на штитови во земјите членки на НАТО, како и информации за воените вежби кои во последно време се повеќе зачестија.

Така конвој на американски оклопни возила минатата недела тргна од Естонија преку Латвија и Литванија кон својата база во Германија, а пред некој ден стигна и во Полска, додека пак  вчера поминаа и низ Австрија.

Над дестина оклопни возила од типот “Страјкер“ од Третата дивизија на Вториот коњички полк учетсвувале во вежбите во Полска, која вежба требало да ја демонстрира моќта на НАТО и нејзината способност да ги заштити своите членки. Генералот Богуслав Пацек, задолжен за одбрамбени акции, тогаш изјавил дека конвојот треба да им покаже “на оние на Исток“ дека НАТО е силен и единствен.

Во тој период, Полската војска ги повикала одбраните припадници од својот резервен состав “ веднаш да се јават заради извршување на своите воени вежби“. Генералот Пацек тврди дека овој чекор не е ништо вобичаен и дека нема врска со тековната криза во Украина и објаснил дека таквиот начин на функционирање според  поединци  се обврзани да се јават во воената единица во рок од неколку часови претставува “ совршен тест за подготвеноста на резервистите“

Колку сериозно ја сватиле ситуацијата се гледа и по тоа што американската војска распоредила една батерија на противракетна одбрана “ Патриот“ во близина на Варшава, во рамките на заедничките вежби со членките на НАТО. Полска која членка на НАТО е од 1999 година, не поседува сопствен систем за заштита од балистички проектили, и во рок од  неколку недели ќе донесе одлука од кого че го купи тој систем на проектили од среден дострел. Најверојатно од САД.

РОМАНИЈА

Романија се угледала на своите сојузници и дозволила НАТО да постави ракетни штитови и во нивната земја. Нејзини претставници изјавиле пред неколку денови ека американскиот против ракетен штит е планиран за Романија и тој има за цел да ја заштитува како членка на НАТО од напади и дека таквиот систем не претставува закана за Москва.

Веднап уследи и реакција на Рускиот амбасадор во Данска Михаил Вањин кој изјави дека Москва би можела со нуклеарни проектили да ги гаѓа бродовите на овие скандинавски земји, лнеки на НАТО, а и Данска се приклучи кон противракетниот штит на Алијансата.

Од друга страна Романија сака да ги зајакне своите воени капацитети заради “опасноста“ пред руеските операции во соседна Украина и смета дека ќе добие притисок од ЕУ за зголемување на буџетот за воена одбрана.

БУГАРИЈА

И Бугарија исто така дозволи на нејзината територија да се отвори нов команден центар на НАТО како би ја обезбедила својата источна граница заради сојузот против евентуалната руска агресија. Тоа е еден од шесте центри, кои ќе бидат поставени во наредната година дена, се со цел да се создадат сили за брза интервенција од 5.000 војници, како одговор на наводна руска агресија во Украина.
Пет други командни центри треба да бидат воспоставени во Полска, Романија, и Балтичките земји. Лондон најави дека насесен ќе упати  најнов модел на воен разорувач во Романското црно морско пристаниште Констанца.

– Ниту Романија ниту Велика Британија нема да бидат заплашени од заканите над Алијансата или нејзините членки- изјавил британскиот секретар за одбрана Мајк Фалон во текот на еднодневната посета на Букурешт.

БАЛТИЧКИ ЗЕМЈИ.

ЛАТВИЈА – Во Латвија од 31.март се одржуваат меѓународни воени вежби “ Operetion Summer Shield – 12“ во кои ќе учествуваат повече од 1.100 војници. Мината сабота на аеродромот во Рига слетале три воени авиони со американски војници и оружје. Во вежбите ќе учествуваат копнени единици, воздухопловни и поморски сили на Латвија, Литванија, САД, Германија, Луксембург и Канада.

ЕСТОНИЈА – Кон крајот на фебруари членката на НАТО, Естонија одржала воена парада во пограничниот град Нарви, на само 300 метра од границата со Русија, јавила руската агенција Russia Today,, наведувајќи дека Талин  е долгогодишен критичар на Москва која ја обвинува дека води агресивна политкика спрема балтичките земји.

Парадата е одржана во вторникот по повод Денот на независност на Естонија. На смотрата биле прикажани повеќе од 149 видови на тешко вооружување на НАТО, меѓу кои и четири американски оклопни возила М1126 Страјкер. Друга НАТО држава, Холандија покажала четири, Шведска комбинирани борбени возила Стридсфордон 90.

ЛИТВАНИЈА – Ова земја исто така стана многу нервозна заради украинската криза и стравот од тоа дека и таа би можела да бисе следна руска цел. Атмосферата нна напнатост и страв доведе до тоа дека се поголем број на Литванци започнаа да се подготвуваат за војна.

Покрај регуларната војска, илјадници литвански доброволци започнале да тренираат и подготвуваат за потенцијален воен судир со Русија. Како би ја запознале “ втората војска“ на Литванија, треба да се излезе од главниот град Вилнус и да се упати во предградието каде се наоѓа поранешната советска база. Таму десетина воени објекти сокриени се во близина на околна паркови. Денес тие објекти се седиште на Заедницата на стрелците, група од 8.000 луѓе кои се подготвуваат за воја против Русија.

Представничкиот дом на американскиот Конгрес пред неколку денови ја усвои резолуцијата според која претседателот Барак Обама се повукува да испрати убиствено оружје во Украина како би се заштитил суверенитетот во борбата против проруските сили.

УКРАИНА – САД на Украина и ги испорачаа и првите десет оклопни возила од типот “хамер“ во рамките на програмата на воена помош за “борба против сепаратистичките сили на истокот на земјата кои ги подржува Русија“, а пратката на аеродромот во Кијев ја дочекал украинскиот претседател Петро Порошенко.

Да Владимир Путин не остане должен, руската Сеферна флота и падобранска единица изведиле воени вежби во кои учествувале 38.000 војници, повеќе от 55 воени бродови, подморници и 110 авиони и хеликоптери. Дали и тие навистина се подготвуваат за војна, бидејќи министерството за одбрана како и министерството за вонредни состојби на ова земја  им нареди на сите компании да ги подготват вработените за нуклеарна војна.

Дали ова представува чиста случајност или можеме секој момент да очекуваме да започне Третата светска војна кога сите индиции се тука, ни останува да видиме.. Факт е дека Западот полека го стегнува обрачот околу Русија и дека таа е се поблиску границите на Русија.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here