Израел контролира 90% од изворите за вода на територијата на Палестина, а Израелците трошат седум апти повече вода од Палестинците, јавува Анадолија Агенцијата. По повод светскиот ден на водата, кој одбележува на 22 март, палестинскиот премиер Рами ал-Хамдалах објави пишувано соопштение во кое истакнува дека со израелската окупација предизвикан е проблемот од недостаток на вода за пиење во Палестина
“Во Газа моментално на сцена е првата криза од недостаток на вода за пиење. Дури 97% од водата која ја пијат Палестинците во тој појас е солена и нечиста“, тврди Хамдалах.
Покрај тоа, палестинскиот Завод за статистика објави извештај во кој се наведува дека Израелците трошат седум пати повеќе питка вода од Палестинците и дека Палестинците се во подредена положба кога во прашање е пристапот кон природните извори на чиста вода.
Како пример се наведуваат извориштата на Западниот брег, кои се под контрола на Ираел. Во тој, како и останатиот дел од регионот, Израелците значително се во поповолна ситуација и пристап кон водите кои се користат за наводнување на земјоделските површини и имоти.
Генералното собрание на ОН во 1993 година, 22 март го прогласи како Светски ден на водите, а со ралични програми на тој ден ширум светот се реализираат програми со цел да се пробуди свеста за важноста од зачувување на изворите на питка вода на Земјата. Според податоците на ОН повеќе од милијарда луѓе на светот немаат пристап кон питка вода, а тој проблем се поизразит е во сите делови на светот.













