“Најмалку половина милион луѓе само ова година ќе преминат од Либија во Европа. Меѓу нив има и многу терористи. Помеѓу 10 и 50 на секои илјада луѓе. Тие ќе се рашират по цела Европа и за година или две ќе имате уште еден 11- септември“, изјавил Гадафи ал Дам.
Неговото предупредување особено звуќи сериозно после недоамнешното брутално убивање-егзекуција на 21 Копт во Либија, што претставува само уште еден доказ за тоа колку Либија и понатаму е нестабилна после пресвртот во 2011 година и колку во неа зајакнува огранокот на ИД.
Гадафи ал Дам вели дека на овој огранок секојдневно му се приклучуваат се повеќе луѓе, како и тоа дека милитантите лојални на ИД веројатно имаат во поседување повеќе од 6.000 буриња со ураниум, кои соборениот режим ги чувал во пустина во околината на Сабхе.
“ИД ја контролира таа територија, и заради тоа мислам дека тие сега поседуваат и ураниум. Тие повеќе не се глупави. Знаат како се прават пари. Ќе се обидат да го продадат“, истакнал тој.
Интервјуто чии делови ги пренесува “Индепендент“, роднината на Гадафи ги дал од Каиро, каде пребегнал после промената на режимот во Либија.










