Бидејќи коалицијата која го собори Гадафи започна да се распаѓа, жалбите од локалното население заради распределбата на приходите доведоа до протести, за затварање на нафтените полиња и нафтоводи како и пристаништата за товар на истата, барајќи поголема автономија и поголем удел во приходите во својот регион.
Обидот да се продаде нафта во странство без согласност на Владата пропадна кога командосите на американската морнарица нападнаа танкер кој се обидувал да извезе нафта. Во меѓувреме, паравоени формации на запад затворија две најважни нафтени полиња, а несигурноста растела. Во меѓувреме нафтените компании ја напуштија Либија која безбедносната ситуација се влошила.
(to Italy)
420.000 bdAl-Sharara (нафта)
300.000 bd
Al-Feel (нафта)
125.700 bd
Waha (nafta)
345.000 bd
El Bouri (нафта и плин)
44.500 bd
Во 2014 година Либија била повеќе од разединета. Во борбите со ривалските паравоени формации раселни се стотици илјади луѓе. Меѓународно признатата влада побегнала од главниот град Триполи во источниот град Тобрук, а ривалската власт се појави во главниот град- двете страни ги подржуваат надворешни играчи.
Иако националната нафтена компанија воглавном се држела надвор од политиката, сепак контролата на нафтените постројки станале клучно средство за преговори на паравоените формации и нивните приврзаници.Падот на приходите од продажбата на нафтата значи дека Централната банка морала да ги искористи либиските девизни резерви за исплата на плати. Многу работници од јавниот сектор со месеци не зеле плати.