Представник од редовите на прокурдскатаНародна демократска партија (ХДП) Сирри Суреја Ондер денес ја повикал забранетата Работничка партија на Курдистан (ПКК) на одржување на вонреден конгрес на пролет како би се донела историска одлука за одложување на оружјето и водење на политика по демократски пат.

пкк-турција

После состанокот во зградата на владата во Истанбул на кој присуствувале заменик премиерот на Турција Јалчин Акдоган, министерот за внатрешни работи на Турција Ефкан Ала и претсдавници на ХДП, Ондер ја повикал ПКК да на Конгресот ја донесе долуката за пронаоѓање на заедничко решение за одлагање на оружјето.

“Во текот на ови 30 години од процесот на судирите, ама и движењето кон мир, нашата главна цел беше да се постигне демократско решение. Ја повикувам ПКК да во пролетните месеци одржи Конгрес како би се донела стратешка и историска одлука за прекинување на вооружените  борби спрема заеднилчките начела. Овој повик претставува историска намера да наместо вооружените борби да се води демократска политика“, изјавол Ондер.

Ондер истакнал дека Република Турција се наоѓа пред историски момент во процесот на решавање на курдското прашање.

ХДП наведува дека нивната подршка во процесот на решавање на курдското прашање представува значаен чекор кон вистинската демократија во Турција.

Акдоган после состанокот истакнал дека е постигнато значаен напредок во процесот на решавање на курдското прашање.

“Мислиме дека многу е важна изјавата  во врска давањето на предноста на водењето на демократската политика и интензивните активности кон одложување на оружјето. Процесот на разоружување ќе го забрза дмократскиот развој“, изјавил Акдоган, додавајќи дека турската влада е одлучна да го реши ова прашање.

“Одлучивме да го заклучиме овој процес со целосна подршка од јавноста“, изјавил Акдоган.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјавил дека повикот за пронаоѓање на заедничко решение за разоружувањето на ПКК ќе го зајакне водењето на демократската политика во Турција.

Инаку, процесот за решавање на курдското прашање се однесува на напорите на турската влада да се заврши конфликтот кој трае неколку децении со илегалното движење ПКК во источните и југоисточните делови на Турција. Процесот на решавање на курдското прашање официјално е покренато во 2013 година како би се заклучиле судирите со ПКК.

ПКК се бори за независна курдска држава од 1984 година, а терористичките напади кои таа ги изведила претходните години однеле околу 36.000 жртви во Турција.

Турција, САД и Европската Унија, ПКК ја сметаат за терористичка организација.

(Anadolu Agency)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here