Može li tursko-zalivski savez zaustaviti iransku ekspanziju?

Саудискиот новинар и публицист и поранешен уредник на весникот ”Šerku-l-evsat”, Абдур-Рахман ал-Рашид, објави интересен натпис во ”Šerku-l-evsat”, пос наслов “ Дали Турција ќе стане сојузник“, во кој на провокативен, ама и интересен начин го третира прашањето  на моменталните општествено-политички настани на Блискиот Исток и можната улога на Турција во решавање на блиско-источната криза и стопирање на евидентната иранска експанзија. Тој во својот аналитичи текст, помеѓу останатото рекол :“ Гледаме дека Турците се многу важен фактор на регионалната сцена и тие имаат огромно влијание на Блискиот Исток во поглед на парирањето кон Иран и силите кои се лојални на Иран и Либан, како и неспорната способност да влијаат на промените во Сирија.

Тоа е она што прави да веруваме дека Турците имаат важна улога и на нив им преостанува да ја согледаат и проучат состојбата во Регионот. Земјите од Заливот, Египет и Јордан, делат многу заеднички интереси и големи цели со Турција, меѓутоа тоа влијание бара да турската политика биде ослободена и растеретена на помали спорови. Ова група од дрвет држави може да ја сопре иранската експанзија и изврши притисок на Западот во поглед на решавање на Палестинското прашање, стопирање на хаосот во Ирак и Сирија, како и оснивање на регионален систем против тероризмот.

Турција има импозантно историско искуство во играњето на стратепката улога, започнувајќи од багдадскиот сојуз, преку балканскиот па се до НАТО сојузот во кој моментално се наоѓа.

Во последните десет години врската со Турција била во знак на помешани чувства, помеѓу љубовта, дивеењето и бесот, и била во сенка на различни погледи на блиско-источната реалност во некои ситни детали. Меѓутоа, ова држава остана носител на важна улога и влијание на земјите од Блискиот Исток, меѓу кои е и Саудиска Арабија. И покрај сите споменати несложувања, Анкара и понатаму е важен политички фактор во Регионот, од Палестина па се до Либан, а сега исто така и во Египет, Сирија, КИрак и Либија“.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here