Излегувањето на Грција од еврозоната може да доведе до сериозно проширување на руското влијание на Балканот, пишува Николас Бусе, политички аналитичар на весникот algemajne cajtung.
Тој наведил дека доколку Грција ја напушти еврозоната, таа исто така може да излезе и од Шенгенскиот споразум со ЕУ, со што би се појавила недоверба помеѓу европските земји и би се ставило под знак прашањето за единство на еврозоната и ЕУ.
Тоа е големо бреме за заедницата која се потпира на партнерство, а се разбира би можело да настрада и лидерството на Германија, доколку германската влада биде прогласена за главен виновник за неуспехот од преговорите со Грција, се наведува во текстот
Според мислењето на Бусе, најсериозни последици би можеле да бидат оние од стратешка природа.
Излегувајќи од европската заедница, клучната балканска земја ќе бара нови партнери, а како прв кандидат ќе биде Русија, независно од тоа кој ќе биде на власт во Атина, вели Бусе.
Во тој случај, смета тој Русија ќе има директно влијание во Егејското море и ќе добие можност да “целиот Балкан да се ослободи од западното влијание“.
Со зближувањето на Грција и Русија проблем би имала и НАТО алијансата, бидејќи заради противеењето на Атина, САД би можеле да имаат потешкотии за зацрвстување на силите на алијансатра во Источна Европа, вели Бусе.
Извор: Дубаи Портал /(Fonet)











