“Градот на Аладин” во Дубаи наскоро ќе стане реалност

0
214

Идната година во Дубаи ќе започне изградбата на новиот футуристички проект – Градот на Аладин (Aladdin City), инспириран од приказните за Аладин и Синбад.

“Планираме да започнеме со изградба наредната година. Имаме сопствени фондови за финансирање на проектот”, изјави генералниот директор Хусеин Насер Лута за “Emirates247.com”.

Овој проект е направен уште во април 2014 година, кога беше кажано дека ќе има три кули, како и комерцијални и хотелски простори. Ќе се простира на 450 метри од копното, а вкупната цена на изградбата се уште не е позната.Резултат со слика за aLADIN CITY IN DUBAI

“Целта на проектот е новите кули да бидат икони на минатото со доза на убавина и туристичка привлечност. Лоциран е надвор од зоната која би требало да биде регистрирана како заштитно подрачје”, објасни Лута.Резултат со слика за aLADIN CITY IN DUBAI

Откриено е дека ќе има климатизирани мостови со подвижни катови кои ги поврзуваат кулите, пролазите и паркиралиштата. Покрај тоа, обликот на мостот ќе го имитира егзотичниот живот на морските суштества како змиите и змеевите.Поврзана слика

Кулите ќе се простираат на 110.000 квадратни метри, а највисоката би требало да има 24 ката. Останатите би требало да имаат 26 и 25 катови. Паркиралиштето ќе може да прими 900 автомобили.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here