Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган , денес изјави дека историјата треба да ја пишуваат историчарите, а не суверените сили.
Тој при посетата на Колумбија учествувал на симпозиумот под наслов “1915- Најдолга година за Османлиското царство“ организирана во соработка со Универзитетот Екстернадо со Универзитетот од Анкара.
Коментирајќи ги настаните од 1915 година, Едоган истакнал“ Историјата не може точно да се толкува во парламентите , низ политичките одлуки, сметајќи ги нереалните настани реални. Историјата треба да ја пишуваат Историчарите, ане суверените сили. Победниците и суверените сили не можат да ги напишат или точно пренесат историските факти. Инцидентите до 1915 година се пренесувани од гледна точка на победниците и суверените сили. Прецепцијата обоена со пропаганда и валкана политика направија преседан над историјата.
Истакнувајќи дека Турција ги отвори своите архиви како би одговорила на аеменските тврдења, како и тоа дека досега се прегледани преку еден милион документи, Ердоган истакнал: “Доколку Арменија или било која друга земја, има документи, би требало да ги отворат своите архиви. Историчарите и правните експерти би требало да ги направат достапни нивните истражувања на политичарите, како и ние би можеле да донесеме конечна одлука“.
Тврдејќи дека арменската дијаспора спроведува негативна кампања за инцидентите од 1915 година, Ердоган порачал: “ Ние не тежнееме кон кампањите или погрешните прецепции. Сакаме да се испочитуваат сеќавањата и никогаш нема да дозволиме непријателски кампањи против нашата земја.
(TRT)










