turska-i-iran-usvojili-zajedniki-carinski-pla

Турскиот министер за царина и трговија, Нуретин Џаникли, изјави дека започнаа со техничка подготовка за имплементирање на заедничката царинска служба помеѓу Турција и Иран.
Во разговор со новинарите во Техеран, за врските помеѓу Турција и Иран, како и за заедничките проекти на двете земји, министерот Џаникли отценил дека билатералните односи го достигнале неверојатниот замав во последните неколку месеци.

Џаникли понатаму истакнал дека со стапување на сила на договорот  за преференцијалната трговија преовлада позитивниот објективен пристап за двете страни.

 Заедничката царинска служба дополнително ќе ги ослесни комерцијалните односи на двете земји, а министерот се надева дека сите проекти ќе бидат подготвени до најавената посета на претседателот Ердоган на главниот град на Иран, Техеран.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here