Поранешниот претседател на СССР Михаил Горбачов повторно ги критикуваше санкциите кои Западните земји и ги воведоа на Русија, притоа повикувајќи на дијалог на двете страни.
Тој во интервју за германскиот бесник Шпигл истакнал дека на сила е катастрофално губење на довербата помеѓу двете најголеми светски сили
“Владеат големи тензии, нервите се напнати на сите страни, а во такви околности нема да можеме да живееме ви иднина“, истакнал Горбачов
Поранешниот советски лидер апострофирал дека на светот му е потребно ново “затопливање“.
Тој исто така, ја обвини Германските политичари, потсетувајќи на Втората светска војна.
“Германија тогаш се обиде да ја прошири својата сфера на влијание на исток. Кои други лекции ни се потребни?“, запрашал Горбачов и заклучил дека западната политика на санкционирање на Русија не е мудра, туку екстремно опасна.











