Гостувајќи на француската телевизија, познатиот француски филозоф од понова генерација, Мишел Онфре, коментирајќи ги неодамнешните напади на редакцијата на Шарли Ебдо, помеѓу останатото, рекол: “ Ние западњаците одиме во муслиманските земји, се мешаме во нивните внатрешни работи и ги убиваме, свеедно дали тоа е во Африка или во Северна Африја, акога муслиманите се бранат од окупација, тогаш ги обвинуваме за тероризам.
Муслиманите не се толку лаковерни и наивни како што за нив така мислат во Франција, Европа и светот, и она што ние го правиме во нивните земји многу е полошо од убиството на 10 луѓе. Ние секојдневно убиваме стотици муслимани во нивните држави“.
Потоа додал:“Расизмот е наш проблем. Заради што, веднаш после нападите на Шарли Ебдо, побрзавме да кажеме дека тоа го сторил терорист, а не извршивме притисок на редакцијата на магазинот да престане да го навредува Пратеникот Мухаммед а.с., а со самото тоа и муслиманите, по пат на карикатурите кои ги објавуваа.!











