Санирање-поправање на оштетените делови на патиштата во населба Подгорци.

0
249

Имајќи ја во предвид нарушеноста на одредени делови на локалните патишта во населба Подгорци ( дотраеност, отвори, и делови од патишта кои беа отворени заради санирање на дефекти – водовод , канализација), денес вработени на Месната Самоуправа вршеа одредено санирање поправање на патиштата во нашава населба почнувајќи од Имероска маала па се до Баир маала.

 

Заради тоа во одреден период беа затварани одредени патишта во населбата за кои сметавме дека треба да бидат малку санирани-поправани тука беа поставувани соодветни препреки со кои се ужаува на работа и како би се заштитиле санираните делови, иако знаеме дека некои ќе ги тргнет ваквите делови кои означуваат места кои за кратко се затворени се додека не се стврдне бетонот,ама како и да е барем малу нешто ќе се попрајт – ни изјави Осман вработен во Месна самоуправа Подгорци, кој заедно со Сефидан и Изет го вршеа денешното санирање на овие штетени делови.

Иако период вој кој се вршеше оваа санирање беше нестабилно со можност за дожд, сепак тие ја извршуваа својата должност и како што изјави Осман, тој побара од жителите да не газат по ваквите делови или пуштаат вода се додека не се стврдне бетонот, и колку толку привремено подобри квалитетот и одстранат ваквите оштетувања од нашите патишта во Подгорци.

Ваквото санирање ќе продолжи у утре, се разбира на местата каде има потреба од тоа, и доколку има потреба исто така повторно ќе се повторно уредување на претходно санираните делови кои биле оштетени во текот на денот.  

Месна Самоуправа- Подгорци

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here