Црвен Картон за неразумот и сопствените интереси -Протест на Подгорчани пред општина Струга 24.12.2013. 13.30 час.

0
266

Почитувани, врз основа донесените одлуки на Советот на Месна Самоуправа – Подгорци во однос на претходно превземените активности за не-законско преземање на системот за водоснабдување и комунални дејности во владение на ЈКП – Хигиена во соработка со Советот на Општина Струга, Ве известуваме дека на ден: (вторник) 24.12.2013 година со организиран превоз од пред автобуската станица во Подгорци во 12.30 часот ќе се тргне кон Струга, а местото на собирање на сите оние кои ќе сакаат да учествуваат ќе биде пред домот на културата (киното) во Струга. од тука заеднички ќе се тргне кон зградата на Општина Струга кде со почеток 13.30 часот ќе се организира мирниот  тука представници на месната самоуправа ќе укажат на сите овие не законски активности, истовремено ќе биде поднесена – доставена и веќе завршената петиција од потписи на граѓани на населба Подгорци,  кои не се сложуваат со оваа неправда која им е нанесена , како и доделување на заслужениот ЦРВЕН КАРТОН и тоа токму  од страна на ,истите оние кои жители  помогнаа во изборот на новиот татко на оваа наша заедничка општина.

Исто така ги повикуваме и сите жители на останатите населби (Лабуништа-Боровец- Октиси) да земаат учество во оваа наша активност и меѓусебно да си помогнеме да не се повтори пак истиов настан, односно да не им се повтори и нив истото.

Во очекување на Ваше што помасовно учество!

Со Почит!

Месна Самоуправа – Подгорци, во заедничка координација со Група граѓани на населба Подгорци.

Дубаи Портал.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here