Содржината од овој текст испратена е од група граѓани на населба Подгорци и тој нема никаква политичка позадина како i немера со него да се навреди некој, туку со него да се докаже наметнувањето на уште една неправда.
Почитувани, еве веќе неколку денови во нашава населба, се врши некаков си обид за превземање на сопственоста на системот за Водоснабдување и Комунални дејности на МС-Подгорци, и ставено на владение на ЈКП Хигиена Лабуништа, па еве нека биде и заедно со Про Аква Струга.
За нормален човек, кој добро не е запознат со оваа проблематика, и начинот да досегашното работење на горе споменатите , ќе си рече : Па нормално е , што може да прави и постигне една Месна Самоуправа со управување на ваков систем?
Меѓутоа кога таквиот нормален човек, ќе ја разгледа досегашната ситуација од состојбите на овие претпријатија веднаш ќе му стане јасно дека сума сумарум излегува еден парадокс.
А, како изгледа тој парадокс?
Наједноставно објаснување за нормални луѓе:
Од досегашниот историјат на раководењето на Месната Самоуправа – Подгорци
1 .Системот за водоснабдување е изграден со 30% учество на средства на жители на ова населба и 70% средства од државата, а во учеството на неговата изградба имаа и сите наши дедовци и татковци, а кого правеа тоа, само тие сега знаат.
2. После извесен период со некекво си убедување , оддржувањето и управувањето преминува во владение на тогашна Општина Лабуништа (ЈКП Хигиена).
3. Жителите на оваа населба, за разлика од некои редовно си ги подмируваа сметките за потрошена вода, без и било какви повисоки долгови.
4. Како награда ЈКП Хигиена на овие жители ги наградува со збогатување на водата со природен минерал на бактеријата ешерихија коли ( Бактерија која беше присутна во системот за водоснабдување , а 6 месеци наодите за нејзиното присуство и забрана за користење на водата за пиење се криеше од тогашното раководство на оваа претпријатие, па жителите на оваа населба истата ја конзумираа без да знаат за присуството на оваа бактерија)
5.После напорите да се врати во сопственост на МС-Подгорци, тогашната ЈКП Хигиена се согласува, да го врати на владение на населба Подгорци, само под еден услов: Месната Самоуправа – Подгорци да го исплати долгот кон Скопската Фирма Еурека на која таа и должи со вкпен износ и на заостанати камати од некаде околу 30.илјади тогашни германски марки.
Се разбира овој износ е ќе беше помал, доколку редовно беше исплатуван нејзиниот износ од страна на ЈКП Хигиена, и покрај тоа што редовно наплатуваше од оваа населба. (факт кој зборува за тоа како тогаш се менаџирало)
6.Системот се враќа во владение на населба Подгорци, за извесен период раководните лица, менаџирајќи со оваа организација го:
6.1 Го исплаќаат целокпниот долг кон Скопската Фирма Еурека. (Заостанат долг од ЈКП-Хигиена)
6.2 За краток временски период се врши реконструцкција на системот за водоснабдување
6.3 Со предвиден проект се изградува Резервоар со капацитет од 500 кубици вода.
6.4 Сo изработени проекти се врши реконструкција-промена на водоводната мрежа во населба Подгорци.
6.5 Во резервоарот за вода се вградува електронско прочистување на водата со употреба на (електронски хлоринатор)
6.6 Во најново време, сметајќи на потребата од зголемена потрошувачка на вода и нормално снабдување на населбата со вода за пиење и друга намена се изградува брана на Подгоречко езеро.
6.7 Секојдневните наоди-анализи од заводот за здравствена заштита од примероците на вода кои се земаат од нашава населба укажуваат на тоа дека таа 100%-но ги задоволува сите карактеристики на вода за пиење.
6.8 Навремено обезбедување со резервни делови за санирање на дефекти и останато. (резервни делови кои секогаш се на располагање на Месната Самоправа)
Ова ни беше накратко за системот за водоснабдување…
А, за комуналните дејности ќе опишеме неколку подточки:
1. До изградба на системот за одвод на фекални и друг отпадни води (канализација)
2.Изградба на Речно корито
3.Изградба на нови канализациони краци цо населбата.
4.Планирање и обезбедување на соодветен простор (депонија) за одлагање на ѓубрето и друг смет. (За разлика од другите, нашата депонија е надвор од населбата и не попречува никого, е тука сме малку поекономични од ЈКП Хигиена, тие сметајќи на нивната економија на брзо транспортирање и помала потрошувачка на гориво, решиле да најдат нај иделано место за депонија, а тоа е внатрешноста на населба Лабуништа, и тоа во непосредна близина на Здравствен дом).

Е сега малку и за другата страна:
1. Точно не располагаме со некои информации од постариот период, па затоа ќе се задржиме на овие малку поновите и по некоја стара:
1.Благодарение на тогашното раководство и предвиденото планирење, Лабуништа останува без својата локва во лабунишките бачила.
2.Благодарение на правилното менаџирање и организирање, населбата е наградувана со рестрикции на вода, а бизнисот се пластични резервоари цути.
3.Не навремено санирање и пронаоѓање на дефектите на системот за вода, за кого одредени лабуништани велат дека заради тоа водата некаде ни бега и немаме доволно за пиење.
4.Населбата се задушува во смет и секов вид на отпад, отпад насекаде, уште од влезот кон лабуништа од Струга, па се до фамозната спортска сала каде сега има најеконимична депонија ( ем близу, ем помали трошоци)
5.Тепачки при секој состанок на управен или било каков одбор..
Ако нешто убаво сме заборавиле ве молиме да ни аризате..
Ова беше накратко, се разбира и доволно и самите Лабуништани да се запрашаат што им се случува, како и тоа, зошто Подгорчани се бунтуваат.
Е, овде тој нормален човек го наоѓа својот парадокс, за кој размислува и можеби си вели:Добро бре луѓе, дали е нормално сфатено од некого, како може организација која што секогаш бележи само негативни трендови и негативно работење да решава за судбината на организација која што континуирано бележи позитивен тренд и надградба во својот развој.
Како може мајката да се грижи доволно за туѓото дете, ако не знае со своето.???
Ова ми изгледа овде како некој да не разбрал нешто добро.., или се прави наудрен или пак се крие нешто друго. Ама времето како и секогаш ќе покаже во која дупка глушецот се обидувал да го сокрие сирењето.
Како и да е ова нека биде добра порака и до нашите браќа Лабуништани да се освестат и барем еднш да видат што им се случува околу нив.
Притоа на барање на група граѓани како и Админот на овој Портал, ги молиме Интернет Порталите од нашето братско село Лабуништа, да не ја пренесуваат оваа информација на нивните интернет известувања, за да не ја искриват нејзината цел за која е напишана.
Ова е побарано заради тоа што вчера на интернет сајтовите од населба Лабуништа, информацијата поврзана околу средбата на Месната Самоуправа – Подгорци со граѓаните, не беше претставена во целост, онака како што беше објавено на ДУБАИ-ПОРТАЛ, бидејќи реалното информирање затаи со одтсранување на Излагањата поврзани со ЈКП-Хигиена, и со тоа надвладеа пристрасноста.
И, на крај да до замолиме Аллах да не чува од лошите намери на оние кои мислат дека со лоша намера се прави добро дело, а Нас и на сите оние кои се борат за својот брат и народ да ги награди со награда која Тој ја знае и онаа што сме ја заслужиле.
Текст излагање на група граѓани на населба Подгорци










