Градот Шарјах во Обединетите Арапски емирати до крајот на 2014 година ќе има повеќе до 1.111 џамии, изјави шеикот Шаќр бин Мохаммед Ал Касими, претседател на Одделот за исламски прашања.
Тој додаде дека бројот на џамии во Обединетите Арапски Емирати е 685 и дека сеуште 430 се во градба.
Овие информации, како и низа на други истакнати се во текот на состанокот на Советодавното собрание (САК) во одделот за исламски прашања.
Шеикот Мохаммед бин Шаќр Ал Касими, нагласил дека во 45 џамии хитбата за џума намаз ќе се изведува на 5-јазици, покрај арапскиот, и тоа : англиски,урду,малајалм,пашто и тамилски.
Исто така, тој додаде дека во соработка со градското здружение за особите со оштетен слух, ќе биде обезбедено преведување на худбата за време на џума намазот со помош на знаковен јазик.
Џамијата Имам Ахмед инб Ханбел, е изградена за таа намена, а оваа иницијатива е прва од ваков вид.









