– Го повторуваме нашето ветување дека светот ќе го импресионираме во 2020, год од она што ги очекува и што ќе го видат во Дубаи – изјави владетелот на Дубаи.
![]()
Дубаи вчера со голем огномет ја поздрави одлуката да го организира Expo 2020 година, притоа ветувајќи дека од тоа ќе наорави настан кој ќе го импресионира целиот свет.
После објавување на резултатите од гласањето, Бурж Калифа, најголемата кула на светот, која достигнува висина од 828 метра, осветлен е како новогодишна елка пред очите на бројните жители на овој космополитски град кој ја прославува оваа победа.
– Го повторуваме нашето ветување дека ќе го импресионираме светот во 2020 година- изјави во соопштение владетелот на Дубаи, шеикот Мохамед Бин Рашид Ал-Макутм.

– Светската изложба Expo во Дубаи 2020 година ќе донесе нов живот на Блискиот Исток во улогата на културата и креативноста- додаде шеикот Мухамед, кој воедно е и зааманик претседател на ОАЕ.
Во кафулето кое се наоѓа во големиот трговски центар во градот , известувањето за избор на Дубаи да го угости односно да биде домаќин на Светскиот Expo 2020 беше поздравено од големиот број на купувачи од сите националности, известил дописник за новинската агенција АФП.

Дубаи е именуван да го организира Светскиот Expo 2020. После три круга на гласање на делегатите на Меѓународната канцеларија за изложба, кој се состанал во Париз.
Известувањето беше пречекано со голем број на аплаузи од делегатите на Емиратите, кои ги предводел министериот за надворешни работи на Обединетите Арабски Емирати, шеикот Адалах Бен Зајед Ал-Нахјан.
Градот- држава на Емиратите – Дубаи доби 116 гласови спрема 47 колку добил второпласираниот руски град Екатеринбург, и еден воздржан глас.
Измир (Турција) е елиминиран во вториот круг, а Сао Паоло (Бразил) после првиот груг на гласањето по пат на тајно гласање, како би се избрал град кој ќе го наследи Милано, како организатор на Expo 2015.
За победата, Дубаи се потпрел на сликата поинаков од арапскиот свет, толерантен,отворен,способен да ги премине нестабилностите на Блискиот исток и кршење на човечките права присутни во бројните држави во регионот.

Во следното видео погледнете како принцот Фаза син на шеикот Мохамед ја прослави ова победа со поставување на знамето на ОАЕ на врвот од оваа кула на висина од 828 метра.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=K3bsjVmaulg[/embedyt]









