По повод денот на Албанското знаме во Лабуништа се развиори Албанското знаме.

by Administrator

По повод денот на Албанското знаме , денес на свечен начин (пригода) во присуство на претставници на локалните институции и функционери, како и присуството на градоначалникот Зијадин Села, беше подигнато Албанското знаме на јарболот кој веќе извесен период беше поставен во центарот на оваа населба.

Во текот на оваа свеченост,  пред присутните граѓани и гости беа изведени културно-драмски активности како и рецитали на Албански јазик од страна на учениците кои своето образование го изведуваат на Албански јазик, во ОУ -Мурат Лабуништи.

Свеченоста беше збогатена со изведување на допонителни активности на учениците кои ги посетуваат драмските секции-активности на оваа училиште со изведување на одредени песни и други содржини од образовниот систем, непосредно во школскиот двор на оваа училиште.

Во прилог на овој пост ви прикажуваме дел од забележаните фотографии.

 

You may also like

Leave a Comment