Еко-активистите од иницијативата Охрид СОС предупредуваат дека Охрид се соочува со сериозна градежна експанзија, која доведува до масовно уништување на зеленилото и загрозување на животната средина. Според нив, неконтролираната урбанизација во последните години го доведува во прашање квалитетот на живот, природните ресурси и иднината на градот како светско наследство.

Охрид го губи зеленилото

Активистите посочуваат дека градежната експанзија особено е изразена во делови како Бејбунар и подножјето на Националниот парк Галичица, каде зелените површини сè побрзо исчезнуваат, а на нивно место никнуваат нови станбени објекти. Последен пример е просторот каде што се наоѓала механизацијата на ЈП „Охридски комуналец“, кој деновиве се трансформира во градилиште, при што се сечат децениски дрвја.

Панорамски поглед на Охрид, 15.09.2022

Додека општината усвојува стратегии за развој на зеленилото и ветува одржлив град, реалноста е сосема поинаква – граѓаните добиваат бетон наместо паркови“, реагираат од „Охрид СОС“.

Според важечките стандарди, секој жител треба да има на располагање најмалку 25 квадратни метри зелена површина. Но, податоците на кои се повикуваат активистите покажуваат дека во Охрид оваа бројка изнесува само 1,6 квадратни метри по жител, што е далеку под минимумот и претставува сериозен урбанистички и еколошки проблем.

Повеќе на dw.de