Новото поскапување на горивата по тензиите на Блискиот Исток го зголемува притисокот врз цените и врз семејните буџети. Синдикатите предупредуваат дека трошоците за живот растат побрзо од платите, додека економистите најавуваат дека посилните ефекти допрва ќе се почувствуваат.
Глобалниот раст на цената на нафтата по тензиите на Блискиот Исток се заканува со нов инфлаторен бран, во услови кога граѓаните континуирано го чувствуваат поскапувањето на основните производи и услугите. Новиот раст на цените за само три месеци е околу 2.500 денари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија, според кои вредноста на синдикалната минимална кошница во март достигнала 67.818 денари. Во меѓувреме, додека се очекуваат нови поскапувања поради растот на цените на енергенсите, синдикатите и работниците сè уште не успеваат да го добијат посакуваното покачување на платите од Владата.
„Тоа значи дека трошоците за живот се зголемуваат со забрзано темпо за разлика од платите, односно платите ја губат трката и поради тоа Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) од почетокот на годината протестираше заедно со работниците“, вели за РСЕ претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.
Повеќе на РСЕ










