Македонија се наоѓа на 34 место во светот и на второ во Европа според загаденоста на воздухот со ПМ честички, покажува најновиот годишен извештај за 2025 година на платформата Ај-кју-ер (IQAir). Земјата е рангира зад Босна и Херцеговина која е на 27 место, а пред Србија која е 38-ма, со просечен коефициент од 21,2, што значи надминување на безбедните вредности за три до пет пати.
Тетово и Струмица – најзагадени градови во Македонија
Најзагадени македонски градови лани биле: Тетово и Струмица, каде вредностите на ПМ 2,5 биле пет до седум пати над дозволените граници. Скопје е на 113 место со коефициент од 19,1.
Најзагадени месеци биле јануари, февруари и декември, додека најчист воздух имало во април и мај.
Само 13 земји во светот дишат безбеден воздух
Според извештајот, само 14% од градовите глобално го исполнуваат упатството на СЗО за ПМ 2,5. Земји што ги исполнуваат овие стандарди се: Француска Полинезија, Порторико, Американските Девствени Острови, Барбадос, Нова Каледонија, Исланд, Бермуди, Реунион, Андора, Австралија, Гренада, Панама и Естонија.
Германија е на 102 место на ранг-листата, со средна вредност 9,4.
Повеќе на РСЕ










