Подгответе се за состанок со најдобрите преговарачи на светот. Арапите се родени трговци и преговарањето вообичаено го гледаат како добра забава.
Нема сомнение дека постојат прилично доста културни разлики, ама ниту една не е непремостива.
1. Исламскиот закон ги регулира сите аспекти на животот, притоа вклучувајќи го и арапското работење
2. Арапите се подготвени да ви веруваат доколку почувствуваат дека довербата е обострана.
3.Доверлива блискост и дружење, заради што во почетните преговори настојуваат што подобро да ги запознаат своите потенцијални партнери.
4.Подароци се разменуваат доколку сте се запознале на претходните состаноци- не оставајте ги работите на случајност, туку подгответе подарок.
5.Бидете стрплив. Дајте им време и не ги притискајте со кратки рокови за договор. За многумина состаноците со Арапите се фрустрирачки и траат до недоглед и често започнуваат со задоцнување.
6.Добро е сите пишувани документи покрај англиски јазик да бидат пишувани и на арапски јазик. Исто така и присуството на преведувач е добро.
7.Не сакаат долги и мачни договори, тоа само ќе им предизвика недоверба.Тоа не значи дека при составувањето на истиот дека нема да бидат опрезни со сите детали и актите на договорот.
8.Арапите се визуелни типови и затоа користат живописни презентации со што повеќе анимации.
9.Ракувањето е подеднакво важно како и потпишувањето на договорот. Ќе ги навредете доколку преку адвокат им го пратете договорот, наместо лично да присуствувате.
10. На Арапите многу им е важна хиерархијата, затоа е битно во преговорите да се вклучени главните раководители.
11.Не се препорачува присуство на жена во преговорите (тимот) посебно доколку планирате работа со Саудијците- според нивната култура жените се предодредени на мажите и тешко ќе прифата да бидат рамноправни со нив.
12.Арапите ги почитуваат членовите на своите семејства,роднини,пријатели, сонародници, така да се подготвени да прекинат секој состанок, ако некој од нив ги повика. Исто така гужвите во канцелариите да не ве изненадуваат, тоа е сосема вообичаено за арапскиот свет.
13.Избегнувајте валкани трикови во преговарањето или предлагањето. Арапите многу водат сметка за својот општествен имиџ и негативно ќе влијаат на таквите инсинуации.
14.Во секојдневниот живот на арапските земји религијата има значајна улога. Верата не им дозволува конзумирање на алкохол и свинско месо, а со тоа и не нудете ги.
15.Арапите се молат пет пати на ден и во точно одредено време, повеќето заради молитвата ќе ја прекинат секоја своја активност. Ако тоа се случи во текот на состанок или преговори немојте да бидете нестрпливи, не ги прекинувајте и знајте дека тоа исто не се очекува.
16.Арапити веруваат дека се е воља на господ, и затоа бидете навикнати на фразите од типот:Insh-Allah – Ако даде господ.
17.Арапите не ја толерираат ароганцијата и тромоста- ваквото однесување сугерира дека потенцијалните бизнис партнери да мислат дека се посупериорни од нив.
18. Доколку на почетокот наидовте на нивно одобрување, не се занесувајте. На Арапите ‘да’ значи моеби.
19.Имаат обичај повеќе да кажуваат со невербална комуникација- гестикулација,мимика.. Обрнете внимание на говорот на телото, како и тонот со кој разговараат.
20.Немојте да се збуните доколку при разговорот влезат во вашиот ‘личен простор’ и застанат поблиску до вас,тоа е работа на нивната култура и разбирање, во текот на бизнис договарањето.
21.Бидете подготвени деловниот партнер дека ќе зе прегрне во еден момент и бакне двете рамена, возвратете и вие на ист начин.
22.Никогаш немојте да подавате-додавате документи со лева рака.
23.Кога ќе седите наспроти нив, водете сметка доколку нозете се прекрстени, ѓонот да не биде свртен кон нив.
24.Ако при јадење добиет вилушка и нож, бидете подготвени дека можеби ќе јадете и со рака-особено десна. Следете го однесувањето на домаќинот на трпезата.
25.Работната недела кај Арапите трае од сабота до четврток, така да не земајте за сериознот дека можеби не ќе работите во недела.
26.Поголемиот број на Арапи го носат своето традиционално одело dishdasha ili khandura, ама од вас се очекува да носете стандарно бизнис одело.
27. Заборавете ги разговорите за политиката, религијата, и нешто друго што личи на контраверзно, овие теми ќе ги направат да се почувствуваат непријатно. Јавното критикување на некого е неприфатливо во арапскиот свет, затоа не ги доведувајте во незгодна ситуација.
28.Навредливо е доколку му поставувате се повеќе приватни прашања- за семејството прашајте ги само за здравјето, понатаму немој да продолжете.
29.Доколку партнерот ве повика во својот дом, немој да очекувате дека ќе ја видете неговата сопруга, не инсистирајте да ви се придружи или да ја запознаете. Тоа се смета за некултурно.
30. Не заборавајте дека Арапите не очекуваат да бидете експерт за нивната култура и обичаји, доколку направете некоја грешка доволно е само искрено да се извинете и покажете почитување. Имајте во предвид дека и тие внимаваат да не го навредат својот гостин со некоја своја постапка.
Кога успешно ќе еги истуркате преговорите и сите културни бариери, тогаш ќе можете да уживате во новото пријателство и да се припуштете на надалеку познатото арапско гостопримство.
ДУБАИ-ПОРТАЛ.









