Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница на Економско-социјалниот совет најави дека минималната плата ќе се зголеми и ќе почне да се исплаќа со мартовската плата, односно во април. Тој истакна дека Владата не презема обврски за периоди надвор од тековниот мандат, кој завршува во 2028 година, туку се фокусира на реализација на политики во рамките на актуелниот мандат.

„Откако сме избрани како Влада, до сега ги имаме регулирано односите со нашите колеги во повеќе од 95 проценти преку колективни договори кои важат до 2028 година“, изјави Мицкоски. Тој додаде дека поради наследени проблеми од минатите влади, новата влада мора да ги решава и последиците од „нестручното, несовесно и лошо менаџирање“.

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари – Дурмиши со детали

Според министерот за економија, Бесар Дурмиши, минималната плата ќе се зголеми за 1.667 денари нето, согласно законското усогласување што се врши во март. Тоа значи дека работниците во април ќе добијат минимална плата од 26.046 денари нето.

„Ова е системско и законско решение кое предвидува зголемување на минималната плата согласно економските движења, штитејќи го животниот стандард на работниците и водејќи сметка за економијата на нашата држава“, изјави Дурмиши на прес-конференција.

Повеќе на:RSE