Иако со мало закаснување, ама сепак најавата за прекин на денешниот пост, како и потсетувањето дека веќе ни пристигнал мубарек месец Рамазан, на сакавме да го започнеме без традиционалниот звук на тапанот на нашиот Изет.
Изет, и Сефо веќе претставуваат дел од традиционалните рамазански обичаи на Подгорчани, продолжени од поранешните тапанџии: Ајдин Авмедоски, кој сега веќе ни е рахметли, следува Реџеп Рамаданоски (брицо), кој пред некое време пред почетокот на Рамазан ни изјави дека му претставувало посебна чест што и тој бил дел како тапанџиите од рамазанската традиција на Подгорци, потоа Исмаил Џелоски, па сега до Сефидан Муслиоски, и Изет Џелоски, се извинуваме доколку некого го испуштивме.
Накратко во видео разговор со Изет, како да го почувствуваме дел од амбиенот иако не сме во родниот крај, па ни вели:
Бате, никогаш не доцна, дали за најава на ифтар (прекин на постот) или за суфур кога треба да се станвит да се јајт и да се почнит постот.
Не ми е страв ниту навечер, ќа си реча Бисмилај со Аллах напред и започва, ич не ми е мака.
Најавата за ифтар прекинувањето на постењето ( држењето ) го започва од продавницата од ке аџо Сабита, знајш од ке Сафчета, па после имероска мала, долна мала и наоколу. Истиот пат го врва секогаш.
На наше прашање како се осештат со децата покрај него, ни рече дека и него многу му е ќејф и тој се радвит како кога бил дете.
Додека сум жив ќе тупам на топан и додека Подгорчаниве ме сакет и не одлучет нешто друго.
Толку имав да кажа, аха.. за крај ќа заборев:
На сите муслимани во Подгорци и целиот свет им го честитам Рамазан, им посаква све најубо, да идет на таравија и да си дочекаме и за Бајрам.
Ете мал разговор со нашиот тапанџија Изет, мал.. ама за нас многу вреден.
И редакцијата на Дубаи Портал на Изет му посакува се најдобро за Рамазан , и се разбира и на сите Подгорчани и други припадници на исламот без разлика, дали се покрај своите во своите родни краишта..









