• Граѓани плаќаат високи цени за станови во новоградби, а во многу од нив добиваат влага, мувлосани ѕидови, лоша вентилација, гаражи без пристап. Немаат каде да се пожалат освен кај самите инвеститори од чија волја зависи дали ќе ги поправат недостатоците.
  • Ниту една институција, државна или општинска, не е надлежна за контрола на квалитетот на становите. Треба да контролираат фирми за надзор, кои инвеститорите сами ги ангажираат. Но, често тоа е контрола само на хартија, вели архитектот Никола Велковски.
  • Од јули до септември 2025 се продадени недвижности во вкупна вредност од 305 милиони евра.

Пукаат цевки, од влага неколку пати мувлосале елементите во кујна, поради лоша поврзаност на вентилацијата кога се готви во еден, мириса во друг стан…Вакви проблеми има скопјанецот Атанас Ј. и по девет години откако купил стан во една од комплексот згради на улица „Македонска војска“ во скопската општина Ѓорче Петров.

„Кога протече над нас, лом ни направи – кујната стана неупотреблива, дури и рингла се расипа, одново и варосувавме. Гаражата која е на ниво – 1, на секој дожд целосно се поплавува. Влезот пред зградата е толку лошо направен што баш тука се собира вода. Нема никаква звучна изолација, соседите ги слушаме како да седат кај нас во дневна соба дури и кога тивко разговараат“, вели Атанас за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Повеќе на РСЕ