Денеска Православните христијани во балканските земји го одбележуваат Божиќ. Свештените лица велат, практиката Божиќ да се прославува заедно со Богојавление се задржала до IV век заради древниот христијански поглед кон човекот, кој не му придавал толку значење на телесното раѓање, колку што на духовното раѓање. Свештените лица велат дека чествувањето на овој празник се состои во тоа целото семејство да присуствува на светата литургија, да се причести и потоа семејството да се собере на скромен семеен ручек. Во храмовите на македонската православна црква утрово се одржаа божикни литургии… Централното одбележување беше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“…

Со честитки по повод Божиќ, лидерите од регионот им упатија честитки на граѓаните по повод празникот.

Повеќето православни цркви во светот го користат Јулијанскиот календар, востановен за време на владеењето на Јулиј Цезар во 45 година пр.н.е., и не го прифатиле Грегоријанскиот календар, кој е воведен во 1582 година од папата Григориј.

Разликата меѓу двата календара изнесува 13 дена, поради што православните христијани Божиќ го празнуваат на 7 јануари, а не на 25 декември.