Од 1 јануари 2026 година цената на струјата ќе се зголеми за 2,28 отсто за 85% од домаќинствата во Македонија, што значи повисоки сметки од 57 до 900 денари.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) информираше дека наместо предложеното зголемување од 7,66% од ЕВН Хоме, по спроведени анализи и пресметки, одлучила за значително помали корекции.
Повисоки сметки во сите блокови
Во првиот блок цената ќе се зголеми за 2,45%, во вториот за 2,87%, во третиот за 3,32%, а во четвртиот блок за 3,84%. Евтината тарифа ќе поскапи за 2,5%.
Речиси 64% од домаќинствата или над 517.000 трошат струја само во првиот блок. Во вториот блок зголемувањето ќе изнесува 70 денари месечно, додека во трет блок ќе биде 370 денари. За оние коишто трошат највеќе и влегуваат во четвртиот блок, најавите се дека сметките за струја ќе се зголемат за околу 900 денари месечно.
„Со оваа одлука го ублаживме ударот врз граѓаните. Предлогот на ЕВН Хоме беше зголемување од 7,66%, а ние го сведовме на 2,28% за најголемиот дел од домаќинствата“, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.
ЕВН Хоме предложи зголемување на евтината тарифа за 3,96%, но РКЕ ја коригира на 2,5%.
Повеќе на:dw.de








