Комисијата за заштита на конкуренција казни четири големи маркети и Сојузот на стопански комори поради забрането договарање и усогласено делување врз цените.
Јовановиќ: Казните од по 50 илјади евра за маркетите и казната за Комората се „мачкање очи“, без ефект за нивните милионски профити.
Граѓаните и синдикатот: Цените постојано растат, на семејствата им недостигаат најмалку 4.295 денари месечно за основни потреби.
По речиси една година истрага, Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) ги казни четирите големи маркети и Сојузот на стопански комори за кои уште во февруари отвори истрага за договарање на цени зад затворени врати.

КЗК соопшти дека одлучила да ги казни маркетите по 50 илјади евра, а Сојузот на стопански комори со 18,6 илјади евра „поради забрането договарање и усогласено однесување во однос на цените“.

Кога КЗК ја започна истрагата во февруари годинава, во јавноста тогаш беа објавени документи на институцијата кои покажуваат дека за марекетите Веро, Тинекс, КАМ и Рептил постоеле сомнежи дека заедно со Сојузот на стопанските комори склучиле забранет договор за влијание врз цените, што претставува нарушување на конкуренцијата.

Повеќе на РСЕ