Дали Македонија ризикува нови услови за отворање на преговорите? Ова прашање на наметна на заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања, на која беше разгледан последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата. Уставните измени, слабиот напредок во форбата против корупцијата и функционирањето на судстото, обврските од реформската агенда и измените во Кривичниот закони – беа главните теми околу коишто дебатираа учесниците на седницата.

Рокас: Нема напредок во владеењето на правото и борбата против корупцијата

„Консензусот е потребен за унапредување на клучните реформи, вклучувајќи ги уставните измени за кои државата се обврза како дел од интеграцијата во Европската Унија“, порача евроамбасадорот Михалис Рокас.

Тој нагласи дека најголема загриженост предизвикува владеењето на правото: „Нема никаков прогрес во функционирањето на судството и борбата против корупцијата“, додаде тој.

dw.de