Во Владата ќе има промена најмалку поради тоа што еден министер заминува – на локалните избори, министерот за животна средина и вицепремиер Изет Меџити беше избран за градоначалник на скопската општина Чаир. Премиерот Мицкоски уште летово најави смени во Владата за веднаш по локалните избори. Аналитичари очекуваат тоа да се случи веќе следниот месец.
Реконструкција на Владата е неизбежна, а можно е и прекројување на силите во Собранието за власта да обезбеди Бадентерово мнозинство откако владејачките коалиции на ВМРО-ДПМНЕ и на ВРЕДИ(ВЛЕН) ја потврдија победата на локалните избори, но како коалиција не си дадоа поддршка едни на други за некои кандидати во вториот круг – особено во Скопје.
Двете владејачки партијаја потврдија победата на локалните избори со најмногу градоначалнички мандати, 55 за ВМРО-ДПМНЕ и десет за ВРЕДИ, резултат што го постигнаа по вториот круг на локалните избори на 2 ноември.
Повеќе на РСЕ








