Владата зголемувањето на инфлацијата го припишува на услугите и засилената домашна побарувачка, но најавува претпазливост со носење мерки. Дел економисти, пак, предупредуваат дека досегашните потези се недоволни и дека нема друго решение освен повторно замрзнување на цените.
Инфлацијата расте, а Владата причините ги гледа во поскапувањата во рестораните, транспортот и услугите, засилени од повисоките плати и пензии. И додека премиерот Христијан Мицкоски најавува претпазливост во носењето нови мерки, дел економски експерти предупредуваат дека досегашните потези се недоволни и дека властите потфрлаат во контролата на цените.
За инфлацијата, која во јули, според официјалната статистика, е зголемена за 4,8 отсто споредено со јуни минатата година, премиерот Христијан Мицкоски на 11 август рече дека „услугите засега се најголемиот генератор“ на зголеменото ниво.
„Тоа значи дека зголемените плати и пензии прават притисок врз побарувачката. Имаме зголемена побарувачка и луѓето можат да ја платат цената за услугата, а тие што ја нудат, ги качуваат цените на услугите се додека консументите можат да платат“, изјави Мицкоски.
Повеќе на:PCE








