Директна продолжена дискриминација врз душевно болните пациенти прават трите психијатриски болници и Министерството за здравство, утврди Комисијата за заштита од дискриминација. Граѓански организации и Народниот правобранител и минатите години укажуваа на нехумани услови и недостиг на персонал во овие болници, на засега нема најави дека состојбите ќе се подобрат.

Трите психијатриски болници и Министерството за здравство вршат директна продолжена дискриминација врз пациентите во овие установи затоа што не им овозможуваат хумани и достоинствени услови за престој и еднаков пристап до здравствена заштита, утврди Комисијата за заштита од дискриминација(КЗД).

Комисијата како дискриминатори ги посочува психијатриските болници во Демир Хисар, во Скопје и во Негорци како и Министерството за здравство.

Одлуката е објавена на почетокот на септември, а донесена е по седум месеци откако Комисијата поведе постапка за условите за болните во овие болници.

„ Тоа не се изолирани случаи или пропусти, туку е последица на долгорочна негрижа и институционално занемарување на конкретната група лица“, констатира Комисијата за заштита од дискриминација.

Повод бил анонимен допис до Комисијата, во кој блиски лица на пациенти се пожалиле дека психијатриската болница во Демир Хисар повеќе од година нема санитетско комбе, туку пациентите ги вози во товарно комбе без прозорец и без клима, дека сами ги бричат и шишаат пациентите бидејќи на вработениот за тоа му истекол договорот и дека медицинските сестри се со земјоделско или економско средно образование, наместо со медицинско.

Повеќе на РСЕ