Алармантно предупредување од ОН до израелските власти открива застрашувачки детали за потенцијално систематско сексуално насилство врз палестинските затвореници. Генералниот секретар Гутереш издаде остро предупредување до Израел дека е на работ да биде додаден на озлогласената „црна листа“ на сторители на сексуално насилство во вооружени конфликти.
Документираните случаи на силување на палестински машки притвореници претставуваат ужасно кршење на основните човекови права и меѓународното хуманитарно право. Особено шокантен е фактот дека веќе е потврден случај на отежнато содомија врз затвореник во објектот Сде Теиман, што укажува дека ова не се изолирани инциденти, туку потенцијално дел од поширок модел на злоупотреба.
Ставот на ОН дополнително го копликува одбивањето на Израел да дозволи пристап на независни инспектори, што покренува легитимни сомнежи за обемот и сериозноста на злосторствата што може да останат скриени од јавноста.
Овој извештај е разорувачки доказ за дехуманизацијата и систематската употреба на сексуално насилство како оружје на војната, што бара итен и бескомпромисен одговор од меѓународната заедница.
Нема насловни страници за ова ужасно злосторство. Особено не во мејнстрим медиумите, како и во платеничките на Балканот. Ако има, тоа се објавува ноќе, кога читаноста е многу мала.
Кога ќе ги чуете овие криминалци и нашите балкански политичари како велат дека Израел е демократија, а ционистичката криминална армија е најморалната во светот, само погледнете го видеото погоре.
Ова е видео за тоа како изгледала Газа пред 7.10 и откако била „обработена“ од „најморалната“ армија во светот:









