Централното претседателство на Алијасата за Албанците денеска реши на претстојните локални избори да настапат со свои листи за советници, но и партијата да остане во рамките на коалицијата Вреди (Влен)
“Не излегуваме од коалицијата Вреди, излегуваме со наши листи за советници. За кандидатите за градоначалници не е дефинитивно. Не може 4-5 луѓе од Влен да одлучуваат за кандидати за градоначалници без сондажи и анкети на јавното мислење.”, рече лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари во вторникот вечерта (15.04) по завршувањето на седницата на Централното Претседателство на партијата.
Според Таравари, Алијансата сака да остане дел од владеачката коалиција Влен, но „ако тие не исклучат, тогаш и ние ќе постапиме соодветно.”
Претходно Таравари изјави дека не мисли дека Алијансата ќе победи но дека е убеден во добар резултат на локалните избори.
„Ајде да видиме, на крај граѓаните одлучуваат“, изјави Арбен Таравари, лидерот на Алијасата за Албанците во понеделникот на 13 04.










