Имајќи ги во предвид разговорите кои ги направивме со дел од вработените при Основното Училиште “Гоце Делчев“ – Подгорци, и разочарани од моменталната ситуација која преовладува со оваа Образовна установа, ако можќе да се нарече како таква, не можевме, а и човечка должност е малку по малку да се потсетуваме на онаа нашата “борба“ за ова училиште која се провлекува од период уште од уривањето на старото дотраено училиште, па се до незаконското, “каубојско“ поставување на директори, како и не соодветно поставување на наставници на соодветни предмети.
Нашата ситуација моментална е никаква. Тргнувајќи уште од пред неколку години, а по договор на СДСМ и ДУИ, а денес и во заеднички договор и со ВМРО, повеќе ни е од јасно дека судбината на ова наше училиште моментално е политизирано во целост, кој како ќе дојде на власт си поставува директиори како од онаа народната “Сјаши Мурто-Да се качи Курто“.
Ваквата тенденција уште повеќе прерасна со хаотиочна уште со самоволното поставување на членови во Советот на Родители, и тоа по принципот на Општинска нарачка, принципот на сопствен интерес, и мниогу ред на други незаконски работи преку кои и едните и другите се пресметуваат, а притоа да трпат оние невините (учениците).
Доколку имате само некоја минутка да нѐ посетите и самите ќе констатирате дека ова установа повеќе и не наликува на таква каква што треба.
Сѐ оди на сила, и по политичко-партиска нарачка, бе било каков страм дека за сопствен интерс свесно се прави штета на овој народ, кој сеуште ни останал тука, а имајќи во предвид дека повеќето млади веќе си заминуваат од тука, оние фамилијарно, при што сосебе ги отпишуваат и сопствените деца, повеќе од јасно е дека секоја година по ред се намалува бројката на ново запишани ученици,дојдете и прашајте го директорот или некој од администрацијата на ова училиште дали имаат таков податок, ни вели еден од наставниците во ова училиште кој не сакаше да биде објавено неговото име, бидејќи лесно може да се најде на Општинската “Црна“ листа, а Вие знаете што значи тоа.
За децата воопшто не се води сметка, освен за ветувањата дадени кон некои лица и партиски органи.
Верувајте, ич се нема ниту страв дали се криши законот или не, вистински “башибузок“.
Се поставуваат членови во Совет на родители и други органи, како ќе му “прдне“ на оние од општината, да ме извинете на овој збор, продолжува загрижениот наставник.
Повеќе нема и луѓе кои би застанале зад било каква иницијатива, собири, штрајкови и слично.
Порано беше сосема поинаку, народот беше еден и немаше политичко мешање. Денес кога ќе стане збор за било каков собир или штрајк, политичките партии се нафрлуваат како орли да заработаат на нашиот проблем.
Повеќе не би сакал да зборувам, бидејќи веќе како мене така и на одреден број на мои колеги, преку глава им е везден да се зборува за истото, работите си одат стихијно, само колку да сме на работа, политиката си оди по ред, ама вистинското образование на нашите деца останува закочено, и се влече наназад, толку имам да кажам, ни заврши нашиот пријател и наставник во ова училиште.
А , ние почитувани имајќи ја во предвид оваа “башибузок“ ситуација во ова училиште, одлучувме во наредните неколуку денови да ја отвориме нашата архива на видеа и друг материјал, за постетување за тоа како сме се бореле за ова училиште, ама и како постетување на оние кои интересот им бил на преден план, без разлика на тоа колкава ќе биде направена штетата, а сето тоа во име на партиската директива, кој треба да се гордее, а кој да се срами, ако барем за тоа постои образ, и што, ќе се зборува и памети за едните и оние другите,како и за тоа кој го продаде и сеуште продаваат ова “наше“ училиште.
Нека Господ ги чува нашите деца (ученици) од ново-стариот “Башибузок“ образовен процес по “партиско-интерес“ терк.










