Секој обид да се присили кој било Палестинец од Газа да го напушти својот дом и родно место претставува историска неправда и сериозен ризик за пошироката регионална стабилност. Таквиот чин не е само морално неприфатлив, туку и сериозно кршење на меѓународното право и темелните начела на човековите права. Ова би отворило пат секоја држава или група држави да ги решаваат конфликтите преку насилство и етничко чистење.
Палестинскиот и израелскиотнарод треба, преку дијалог и решение со две држави, да обезбедат мир и благосостојба за двата соседни народа.
Официјалниот став на Северна Македонија исто така треба да биде во оваа насока и треба да се изрази јасно и гласно.
Извор:fecebook-KrenarLoga