Турција изврши уште едно успешно тестирање на својата ракета Тајфун од домашно производство.

Лансирањето, со засилени безбедносни мерки, беше извршено во Ризе во близина на аеродромот Ризе-Артвин.

Лансираната ракета со краток дострел успешно ја погоди целта.

Тоа беше трето успешно тестирање на оваа ракета, а претходните беа извршени во 2022 и 2023 година.

Станува збор за проектил развиен и произведен од турската државна компанија Рокетсан, а моментално се смета за проектил со најдолг дострел во Турција.

Со тежина од 2.300 килограми, Тајфун е долг 6,5 петари.

Ефективниот дострел на оваа ракета е 280 километри, а максималниот 800 километри.