Истрагите за Државна лотарија не запираат по акцијата на МВР и ОЈО за случајот за набавката на ВЛТ апаратите. Институциите паралелно работат и на предметите за веќе раскинатиот закуп на деловен простор во Визбегово и тендерите во акционерското друштво. Судот одреди 30-дневен притвор за Груби
Вонредниот попис на телевизори набавени преку тендери за потребите на Државна лотарија е завршен.
Како што дознава РСЕ, пребројувањето на набавените уреди е направено по барање на Финансиската полиција, која ги истражува тендерите за купување на телевизори во различни димензии од кумановската компанија „Ритрон копи“ во сопственост на Артан Ајрули.
Се „чешлаат“ испораките од кумановската компанија за бројот на доставени телевизори и дали се работи за истите брендови за кои биле склучени договорите.
Државната лотарија треба, но, се уште не ја доставило листата со наоди до Финансиската полиција. Што покажало пребројувањето, во Државна лотарија прашавме, но не добивме одговори.
Од Финансиската полиција не откриваат дали компанијата „Ритрон копи“ ја истражуваат само за овие или и други јавни набавки.
Пред четири месеци, РСЕ објави дека истражители проверуваат и други тендери на Државна лотарија за маркетинг и промоција поврзани со оваа оваа компанија.
Повеќе на : RSE










