Вечетва повторно е прекинст интернет оптичкиот кабел меѓу Шведска и Финска, објави радиото Sveriges на 3 декември.

„Засегнатата компанија Глобел Конект му соопшти на Екот дека 6.000 приватни корисници и околу 100 деловни корисници се погодени од криминалот“, се наведува во соопштението за печатот, додавајќи дека „дошло до прекин на кабелот на интернет линијата меѓу Шведска и Финска“.

Прекинот на кабелот бил откриен ноќе и најверојатно се случил на копно во Финска, објаснува Sveriges Radio. Полицијата се сомнева дека „кршењето на кабелот е резултат на криминални дејствија“.

Потсетуваме дека на 18 ноември финската оперативна компанија Cinia Oy пријавила оштетување на подводниот телекомуникациски кабел C-Lion1 помеѓу Финска и Германија и дека финската централна криминалистичка полиција отворила истрага. Шведскиот обвинител овој факт го оквалификува како саботажа, а двата кабли биле брзо поправени.

Имаше доволно такви кои во сето ова видоа хибридна војна и прстот го вперија во Русија. Сепак, до денес не се објавени никакви конкретни докази за тоа, додека Москва категорично ги отфрла таквите тврдења и ги нарекува лажни и тенденциозни. Како и да е, и која и да е причината, факт е дека инциденти од ваков тип се почесто се случуваат во балтичкиот регион, што претходно не беше случај.