Ердоган разговараше со Путин: Ја покани сириската влада на дијалог со бунтовниците

by Administrator

Сириската влада треба да се вклучи во политички дијалог во услови на актуелен конфликт со бунтовниците, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на телефонскиот разговор со неговиот руски колега Владимир Путин.

Ердоган повика на „создавање простор за дипломатија“ во регионот и истакна дека сирискиот режим треба да се вклучи во „процес за политичко решение“, соопшти канцеларијата за комуникации на Ердоган на платформата X. Турскиот претседател рече дека Турција го поддржува територијалниот интегритет на Сирија и работи на праведно и трајно решение.

Но, според многу аналитичари и руски воени блогери, турската војска дури ја поддржува фракцијата ХТС која моментално ги води нападите во северна Сирија. Руската армија е на спротивната страна на конфликтот и ја поддржува владата на Асад.

Борбата на Турција против Курдите
„Турција ќе продолжи со својата борба против забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК) и нејзините сојузници“, додаде Ердоган, предупредувајќи на „создавање поголема нестабилност“ во Сирија. Тој тврди дека ПКК ја користи нестабилноста во регионот.

You may also like